Пишува:Слободан ТОМИЌ
Со децении, USAID ја држи Македонија во заложништво, користејќи ја како експериментална лабораторија за разорување на националниот идентитет, уништување на патриотските сили и воспоставување на тотална контрола преку платенички невладини организации.
Но, конечно, битката против оваа паразитска структура започна! Тројцата клучни луѓе – Христијан Мицкоски, Крис Павловски и Ричард Гренел – формираат нова ослободителна оска што ќе ја демонтира длабоката држава и нејзините измеќари во Македонија!
МИЦКОСКИ ГО СТАВА КРАЈОТ НА ПОДАНИЧКАТА ПОЛИТИКА
Откако ја презеде функцијата премиер, Христијан Мицкоски покажа дека нема намера да биде уште една американска марионета, како неговите претходници Заев и Ахмети. Неговата политичка офанзива во Вашингтон ја отвори вратата за нова ера – ера на суверенитет, економска независност и разобличување на штетните американски програми кои ја уништуваа Македонија.
За разлика од Заев, кој клекна пред странските центри на моќ и го продаде името, историјата и достоинството на народот, Мицкоски гради вистински сојузништва со луѓе кои се спремни да ја срушат левичарската глобалистичка машинерија што ја разори Македонија и Балканот.
КРИС ПАВЛОВСКИ – ГЛАСОТ НА СПРОТИВСТАВУВАЊЕТО НА USAID
Канадскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, одамна предупредува дека USAID ја киднапираше Македонија. Како основач на Rumble, платформа што му пркоси на глобалистичките медиуми, Павловски се претвори во главен противник на американската „длабока држава“ која го зароби целиот Балкан.
„И Македонија беше киднапирана од USAID и левичарските невладини организации!“ – објави Павловски на платформата X, повикувајќи на темелна истрага за милионите кои биле фрлени за разнебитување на македонското општество. Тој е решен да стави крај на оваа коруптивна шема и да ја врати Македонија во рацете на народот!
Во рамките на дипломатската офанзива на Мицкоски, Павловски се сретна со премиерот, при што беше договорено заедничко дејствување против невладините платеници, медиумската машинерија на USAID и политичките структури кои десетлетија го држеа народот во ропство.
РИЧАРД ГРЕНЕЛ – ЧОВЕКОТ КОЈ ЌЕ ГО УНИШТИ USAID ВО БАЛКАНОТ
На фронтот против USAID се приклучува и Ричард Гренел, човек кој веќе докажа дека е непомирлив противник на глобалистичката машинерија која ги финансира левичарските режимски структури во Европа и Балканот.
Гренел директно ги разоткри милијардите долари фрлени за поддршка на „Шарената револуција“, за подготвување на предавнички политичари како Заев и за уништување на македонските институции.
„Вредните Американци плаќаат даноци, а Вашингтон непромислено ги троши за левичарски политики во други земји!“ – објави Гренел, потврдувајќи го она што Македонија го знаеше со години – дека USAID не носеше „развој“, туку корупција, раздор и тотална контрола на надворешни сили врз македонското општество.
РАЗОТКРИЕНА ЗЛОУПОТРЕБАТА – 1,7 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВРЗ БАЛКАНОТ
Додека македонските граѓани тонат во сиромаштија, додека здравството, образованието и инфраструктурата пропаѓаат, USAID има потрошено огромни 290 милиони долари во Македонија. Наместо тие пари да одат за развој на македонската економија, тие завршиле во:
- Фондацијата на Џорџ Сорос, која го финансираше рушењето на македонските влади и манипулацијата со јавноста
- Купување на медиуми, за да ја контролираат вистината и да промовираат пропаганда во корист на глобалистите
- Финансирање на НВО платеници, кои шпионираат, вршат политички притисоци и разгоруваат вештачки конфликти
- Создавање паралелни структури во судството, образованието и политиката, со цел да ја уништат државноста и националниот идентитет
ЗАЕДНИЧКА БОРБА – ВРЕМЕ Е ЗА ДЕАКТИВАЦИЈА НА USAID ВО МАКЕДОНИЈА!
Со обединувањето на Мицкоски, Павловски и Гренел, конечно доаѓа вистинскиот момент за прекинување на оваа 30-годишна финансиска окупација. Ниту еден денар повеќе нема да се троши за разнебитување на државата!
ШТО СЛЕДИ?
- Детална истрага за злоупотребите на USAID во Македонија
- Целосна ревизија на работата на НВО секторот
- Забрана за странско финансирање на политички активизам
- Нова економска стратегија со вистински странски инвестиции, а не „перење пари“ преку грантови
Македонија конечно добива шанса за ослободување од невидливиот непријател кој ја држеше во стегите на глобалистичките манипулации! Со поддршка од меѓународни конзервативни сили, конечно ќе ставиме крај на црната ера на платеничките медиуми, корумпираните невладини организации и предавничките политичари кои служеа на USAID наместо на народот!
Ова не е само политичка борба – ова е битка за Македонија!