Мелони по поразот на нејзината партија: „Не можам ни да се напијам бидејќи трае постот“

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, односно нејзината партија Браќа од Италија, го доживеа првиот сериозен пораз на регионалните избори во Сардинија, што воедно е и прв неуспех за Мелони откако ја презеде власта.

Loading...

Имено, на изборите за претседател на Сардинија победа извојува Алесандра Тоде од Движењето пет ѕвезди, која ја поддржа и левичарската Демократска партија.

На овие избори, Тоде го победи кандидатот на десницата, Паоло Труца, кој беше номиниран од Мелони.

Овој пораз на премиерката на Италија беше особено тежок, а таа ја сподели тагата со новинарите на конференција ден по изборите и реши да се пошегува.

„Знам дека очекувате да реагирам „лесно“ и опуштено. Сепак, не бев опуштена ниту на 15 години, а камоли по 16 месеци на власт“, ​​рече Мелони.

Таа ги „критикуваше“ и странските медиуми за кои беше закажана прес-конференцијата.

„Ми се јавувате веднаш по поразот од Сардинија. Не очекувајте многу симпатии од мене денес. Меѓу другото, се уште постам. Не можам ни тагата да ја удавам во алкохол. Така започна денот”, изјави Мелони.