Меѓународна верска делегација во посета на Украина

Сподели со своите пријатели

Меѓународна делегација на верски водачи денеска ќе ја посети Украина за да покаже солидарност со погодените од инвазијата.

Во делегацијата ќе има монаси, рабини, муслимански свештеници, будистички и хинду верски водачи и поранешниот надбискуп на Кентербери Роуан Вилијамс, јави Би-Би-Си.

 

ОН: Загинати најмалку 142 деца во Украина

 

Според планот за патување, делегацијата ќе ги посети луѓето кои побегнале од источна Украина во западниот град Черновци.

Поранешниот надбискуп на Кентербери, Роуан Вилијамс, изјави дека постои силна посветеност за исфрлање на Руската православна црква од Светскиот совет на цркви бидејќи не го осудува убивањето на невини луѓе, пренесува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремното време во летото 2025 година ја чинеше Европа 43 милијарди евра

 

Путин оди на своето прво патување од почетокот на војната: Со Лукашенко

 

Папата Франциск ја благослови оваа посета и рече дека не е време да се молчи, туку треба да се бара силен крај, како што рече на „овие грозоморни дела“.