Медведев: Западот е бесен и тоа е добро

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ја оцени реакцијата на Западот на посетата на кинескиот лидер Си Џинпинг на Русија, велејќи дека му е „драго“ ако тие се лути.

Loading...

– Мислам дека и тие се радуваат со нас – рече Медведев на прашањето дали забележал како Западот реагираше на посетата на кинескиот претседател на Москва.

На забелешката на водителката дека „се бесни“, Медведев се насмеа.

– Совршено. Тоа многу ме радува – изјави Медведев.

Кинескиот претседател Си Џинпинг од 20 до 22 март беше во работна посета на Русија.

Тоа е негово прво патување во странство откако по трет пат беше избран за лидер на Кина.

По пристигнувањето во Москва, Си рече дека Пекинг и Москва се сигурни партнери и дека во свет кој е далеку од мирна Кина, таа е подготвена решително да го заштити меѓународното право со Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...