Медведев: Макрон ќе исчезне по 14 мај 2027 година, кога ќе му заврши мандатот

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон не претставува закана и никому нема да му недостига по завршувањето на неговиот мандат, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Loading...

„Макрон рече дека Русија е сега, и ќе биде уште многу години, закана за Франција и за Европа, воопшто. Сепак, самиот Микрон не претставува голема закана.“

„Ќе исчезне засекогаш најдоцна до 14 мај 2027 година. И никој нема да забележи“, напиша тој на X.

Макрон претходно во своето обраќање рече дека „руската закана“ постои.

Според него, загрозена е и безбедноста на Европа, пренесува Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паника во ЕУ: Се бараат итни одлуки, Орбан блокира

Политичарот ја нарече „лудило“ идејата да се остане обичен набљудувач во „светот на опасност“, отфрлајќи го мирот во Украина што би можел да биде потпишан во Вашингтон или Москва, пренесува Танјуг.