Масовно тестирање на 1,3 милиони жители во Шангај

Сподели со своите пријатели

Властите на кинескиот град Шангај денеска наредија масовно тестирање на 1,3 милиони жители на централниот кварт Јангпу.

Loading...

На тестираните нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови додека не се добијат резултатите.

Слични мерки беа воведени и во текот на летото, кога целиот град со 25 милиони жители конечно беше затворен на два месеци.

Карантинот предизвика недостиг на храна и доведе до ретки судири меѓу жителите на Хонг Конг и властите.

Кина не се откажува од својата строга политика на сузбивање на епидемијата на коронавирусот.

Воведени се мерки против КОВИД низ целата земја, од Шангај на исток до Тибет на запад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Протести поради карантинските мерки се забележани и во земјава.

Во Кина денеска има 1.337 нови и главно асимптоматски случаи на инфекција со корона вирусот.

Loading...

Не се пријавени смртни случаи.