Масовно изумирање на инсектите! Ќе исчезнат за неколку децении, екосистемот ќе доживее колапс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бројот на инсектите во светот драстично се намалува поради употребата на пестициди, но и други фактори и тоа би можело да има катастрофални последици врз Земјата.

Loading...

Повеќе од 40 отсто од видовите инсекти се истребени во последните неколку децении, според последниот извештај објавен во научното списание „Biological Conservation“.

Бројот на инсектите секоја година се намалува за 2,5 отсто што значи дека засекогаш би можеле да исчезнат. Дури третина од видовите инсекти е загроена, а тоа би можело да ги наруши екосистемите и да има лоши последици врз планетата.

Извештајот заедно го направиле научници од Кина, Сидјен и Квинсленд. Еден од авторите, Франциско Санчес Бајо, тврди дека изумирањето на инсектите ќе загрози многу поврзани екосистеми и ланци на исхрана, а бубачките се 70 отсто од животинските видови. Инсектите се основа на многу екосистеми веќе 400 милиони години.

Главните причини за изумирање се урбанизацијата и агресивното земјоделство, во кое се користат пестициди и ѓубрива кои ја менуваат животната средина на инсектите, но и климатските промени.

Постојат и неколку видови инсекти кои се адаптирале на новите услови, но нивниот број не е доволен за да се надоместат видовите кои изумираат.

Дон Сандс, етномолог, предупредува дека инсектите штеточини ќе бидат во пораст ако нема инсекти кои природни ги уништуваат во ланецот на исхраната, што лоши ќе се одрази на посевите.

– ИНсектите се мали суштества кои го движат светот, нагласува тој.

Loading...

Загрозени се и многу растенија, но и птиците. Дури 80 отсто од дивите растенијата ги користат растенијата за оплодување, а 60 отсто од птиците се хранат со инсекти. Кога тие ќе изумрат, ќе мора да се јадат меѓусебно, што веќе е забележано во Австралија.

Научниците затоа повикуваат веднаш да се преземат акции, вклучително и намалување на користењето пестициди.

– Заклучокот е јасен, ако не го промениме начинот на кој ја произведуваме храната, сите инсекти ќе тргнат по патот на уништувањето низ децениите, објаснуваат тие.

Leave a Reply