Маск го прозва Цукерберг, набрзо доби брутален одговор

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, денеска започна кавга со шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на Твитер.

Loading...

„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Цукерберг без други опции“, напиша Маск на Твитер, пренесува Politico.

Тој додаде дека е за „борбаво кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и тој е за тоа“.

Цукерберг одговори на Инстаграм, пишувајќи: „Испратете ми ја локацијата“.