Триесет и петгодишна кумановка викендов пријавила дека нејзината малолетна ќерка била нападната во круг на основно училиште.
Loading...
– На 28.09.2024 година во 23.50 часот во СВР Куманово Е.Н.П. (35) од Куманово пријавила дека во кругот на основно училиште во Куманово нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски