Малезија има нов премиер

Сподели со своите пријатели

Кралот на Малезија го назначи долгогодишниот опозициски лидер Анвар Ибрахим за премиер, со што стави крај на петдневната криза по неубедливите избори.

Loading...

Анвар Ибрахим положи заклетва пред кралот како 10-ти премиер на Малезија на церемонија во кралската палата.

Неговото назначување е последното поглавје во 30-годишното политичко патување кое го однесе од штитеник на ветеранот лидер Махатир Мохамад до лидер на антивладините протести, затвореник осуден за содомија, лидер на опозицијата и конечно премиер.

На што се надеваат поддржувачите на Анвар?

Општите избори во неделата не донесоа јасен победник и ниту еден од политичките блокови, едниот предводен од Анвар, а другиот од поранешниот премиер Мухијдин Јасин, не обезбеди доволно места во парламентот за да формира влада.

Политичката неизвесност можеше дополнително да и наштети на земјата, која се соочува со забавување на економскиот раст и зголемена инфлација, оценува Ројтерс, додавајќи дека земјата имала тројца премиери за исто толку години.

Поддржувачите на Анвар се надеваат дека неговата влада ќе спречи враќање на историските тензии меѓу етничките Малејци, муслиманското мнозинство и етничките кинески и индиски малцинства. Според официјалните резултати, коалицијата Алијанса на надежта на Анвар освои 82 места во парламентот, а Националната алијанса на Мухијдин 73.