Поради топлотниот бран исклучена е климата во седиштето на ЕК. Но, не на катовите каде што се шефовите

Сподели со своите пријатели

Поради топлотниот бран кој ја зафати Европа, седиштето на Европската комисија во петокот беше принудено да го исклучи системот за климатизација на долните катови.

Вработените кои работат во зградата „Берлајмонт“ напладне добиле СМС порака: „БЕРЛ – ИТНО – Поради екстремни временски услови, системот за климатизација од 1 до 7 кат е принуден да се исклучи до крајот на денот“.

Во зградата од 13 ката се сместени канцелариите на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, нејзините 26 комесари и околу 3.000 вработени.

Белгија и поголемиот дел од Европа минатата недела беа погодени од топлотен бран со рекордно високи температури, пишува Politico.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Јапонија го потресе и Токио: Десет повредени

„Како во феудализмот“

Одлуката предизвика незадоволство кај дел од персоналот бидејќи на горните катови, каде што се канцелариите на комесарите и претседателката Фон дер Лајен, остана климатизација.

„Ова е како феудализам“, изјави претставник на Комисијата од пониско ниво за Политико во петокот, кој сакаше да остане анонимен.

Друг функционер се согласи дека тоа е „срамота“.

Трет вработен кој работи на осми кат рече дека и со вклучена клима, температурата во канцеларијата била 25,7 степени.

Поранешни упатства и поширок проблем

Комисијата на почетокот на неделава издаде упатства за својот персонал, препорачувајќи да се избегнува излегување во најтоплиот дел од денот, редовно да се пие вода и да се започне работниот ден порано.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американското ЦДЦ прогласи највисоко ниво 1 за опасност од ебола

Тој совет, сепак, налути дел од персоналот кој работи во згради без клима уреди, како што се оние од Генералниот директорат за земјоделство (ДГ АГРИ), според внатрешната комуникација што ја виде Политико.

Топлотниот бран повторно ја разгоре дебатата за недостигот на климатизација во домовите и канцелариите ширум Европа, каде што само една петтина од домаќинствата имаат климатизација.

Во Белгија, една петтина од возовите немаат климатизација, поради што националната железничка компанија беше принудена да укине бројни линии во време на шпиц.

Проблеми и во Европскиот парламент

Со проблеми оваа недела се соочи и Европскиот парламент, каде имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија поради зголемената потрошувачка предизвикана од зголемената работа на системот за ладење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обвинет е за корупција, дури ни Трамп не успеа да го спаси. Дали е ова крајот на Нетанјаху?