Се расветли случајот на кражба на малиот мајмун Лука од скопската ЗОО, откако сторителот, во случај млада мајка го признала делото, со образложение дека нејзината ќерка многу го сакала. Ваква приказна и раскажала мајката на полицијата откако била откриена кражбата на мајмунчето.
Кавадарчанката И.П.А. (26) решила да го украде мајмунот бидејќи ќерка и плачела по него секогаш кога ќе го видела. Таа го повикала пријателот С.Н.(31) да и помогне во кражбата.
Тие дошле во Скопје со алат кој би им послужил да ја пресечат оградата. Откако ја пресекле оградата, го зеле мајмунот, го ставиле во црна вреќа и ја прескокнале оградата од Градината. Таму ги чекало такси кое со нив се упатило кон Кавадарци.
Но, по пријавата на очевидци потрагата по крадците веднаш започнала и полицијата ги запрела пред влезот на Кавадарци. Двајцата кавадарчани ќе одговараат за тешка кражба.