МАЈКА НА ГОДИНАТА: Нејзиниот син има церебрална парализа, а таа за него направи нешто неверојатно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Луѓето ширум светот останаа воодушевени и со солзи во очите текот на на полуминутното видео на кое момче кое вози скејтборд.

Loading...

Имено, момчето има церебрална парализа, а неговата мајка дизајнирала посебен вид на уред кој му овозможува да ужива во дејноста што ја сакаат децата – скејтбординг.

На видеото се гледа момчето во специјален уред во скејт-парк и неговата мајка го турка преку пречките додека тој се смее и ужива.

– Тој има церебрална парализа и сакаше да лизга, па мајка му го создаде ова за да може. Моето срце. Мајка на годината. Неговата насмевка на крајот. Моја почит кон оваа мајка. Таа е хероина. Нашите пари треба да се трошат на уреди како оној што ќе ја направи забавата попристапна за децата со пречки во развојот – рече корисникот кој на Твитер го објави видеото.

Голем број на твитерџии беа воодушевени од снимката, како и од дизајнот, а многумина и кажаа на храбрата мајка дека ќе мора да го патентира уредот.

Снимката објавена на Твитер ја прегледале повеќе од 13 милиони луѓе.

Leave a Reply