Луѓето кои имаат две деца живеат подолго, тврдат истражувањата

Сподели со своите пријатели

Истражувачите откриле дека раѓањето деца е поврзано со долговечноста на родителите.

Loading...

Анализирајќи ги мажите и жените родени помеѓу 1911 и 1925 година и нивните деца, тие заклучиле дека, поради поддршката на нивните синови и ќерки, стресот кај родителите во постарите години од животот веројатно ќе биде помал, што ќе доведе до подолг живот.

 

 

Друга многу интересна студија покажала дека мајките кои имаат две биолошки деца живеат подолго од жените кои немаат деца или имаат само едно дете.

Но, се чини дека да се има две деца е исто толку важно за мажите, како и за жените.

Истата студија го анализирала и поврзала бројот на деца и очекуваниот животен век на мажот.

Loading...

Резултатите покажале дека во споредба со татковците без деца или со едно дете, мажите со две деца живеат многу подолго.

Дури и посвојувањето може да има значителни придобивки.

 

 

Придобивките се крајно изненадувачки и инспиративни. Жените кои посвоиле две деца имале уште подолг животен век во споредба со биолошките мајки.

И уште поинтересно е следното – кога се споредува бројот на посвоени деца и долговечноста, родителите со две посвоени деца живееле подолго во споредба со оние кои посвоиле едно дете, но исто така и во споредба со оние кои имале четири посвоени деца.

Друг прилично интересен заклучок е дека усвојувањето на дете се чини дека додало три години на животниот век на мајката.

Loading...

Посвојувањето на две или три деца им додало пет години живот. Ова исто така може да се објасни со поддршката што децата ја даваат на постарите родители.

 

 

Истата студија исто така го спореди потеклото на посвоените деца и животниот век на нивните родители.

Мајките и татковците кои посвоиле деца од други земји имале значително подолг животен век во споредба со оние кои посвоиле деца во нивната матична земја, пишува BrightSide.