Луфтханза откажува дел од летовите

Сподели со своите пријатели

Германската Луфтханза планира да ги откаже летовите од Франкфурт до градовите низ поранешна Југославија бидејќи континуираниот недостиг на персонал продолжува да ги мачи авиокомпанијата и индустријата во целина.

Како што пишува „Аеророутс“, откажувањата ќе влијаат на услугите поврзани со летовите од Франкфурт до Белград, Загреб, Љубљана и Сараево, но операциите од Минхен засега ќе останат непроменети.

Севкупно, авиокомпанијата следниот месец ќе откаже 8 отсто од своите летови во рамките на својата внатре-европска мрежа, пишува ExYuAviation.

Во септември беа откажани вкупно осум летови меѓу Франкфурт и Белград, па наместо првично планираните 60, ќе бидат реализирани 52 лета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшна експлозија во Италија: Се урна зграда, има мртви (ВИДЕО)

Од Загреб, Луфтханза исто така откажува осум летови во текот на септември, односно вкупно 44 лета наместо првично планираните 52.

Во Љубљана, која го избегна најголемиот дел од летните откажувања на летови, откажани се само четири лета, со вкупно 56 редовни летови меѓу Франкфурт и главниот град на Словенија, наспроти шеесет.

Најмалку ќе биде погодено Сараево, со оглед на тоа што за септември е откажан само еден лет од вкупно 29 планирани за тој месец.

„Луфтханза“ е погодена од откажувања на летови ова лето поради недостиг на персонал.

Проблемот дополнително се влоши минатиот месец кога нивните вработени на терен штрајкуваа, незадоволни од платите и другите услови за работа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до Орбан: Фантастичен си, знам дека многумина не се согласуваат, но јас сум единствениот што е важен

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.