ЛНР: Најмалку шест цивили повредени во украинското гранатирање на Первомајск

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест цивили се повредени во украинското гранатирање на градот Первомајск, а во нападот е урната и болницата, соопштија властите на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР).

Loading...

Во соопштението на мисијата на ЛНР при Здружениот центар за контрола и координација, се наведува дека се повредени пациенти и медицински персонал од Централната градска болница, а зградата се урнала.

Украинските вооружени сили во саботата истрелаа три ракети ХИМАРС кон Первомајск, пренесе ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.