Новоизбраниот премиер на Кина, Ли Кианг денеска положи заклетва.
Кианг е првиот човек на Шангајската Комунистичка партија и ќе го замени пензионираниот Ли Кечијанг како премиер, пренесува Ројтерс.
На гласањето во кинескиот парламент, Ли Кианг доби 2.936 гласа, три против и осум воздржани.
Премиерот е втората најмоќна функција во Кина по претседателот Си Џинпинг.
Задачата на новиот кинески премиер ќе биде да ја оживее економијата погодена од тригодишните ограничувања на Ковид.
Познат како прагматичен политичар вешт за лидерство, 63-годишниот Ли ќе се соочи со голема задача во поддршката на нерамномерното економско закрепнување на Кина соочени со глобалните предизвици и недовербата на потрошувачите и приватниот сектор.
Ли ја презема должноста додека растат економските тензии со Западот поради обидите на САД да го блокираат пристапот на Кина до клучните технологии.