Многу борби се воделе во кумановско, многу разни војски и славни борци ги крстосувале кумановските села и замоци. Еднаш, пред 5-6 века, силна војска нападнала на утврденото Градиште меѓу селата Пчиња и Орашац. Непријателот безуспешно ги напаѓал утврдените кули и ридишта, и стрелите и копјата одзеле многу животи.
Легендата за името на селото Враготурце
Но, опсаденото Градиште не можело долго да издржи, бидејќи од долгата опсада снемале резервна храна и вода. А непријателот бил многу надмоќен и не смееле да излезат против него во отворена битка. Затоа една вечер потајно се подготвиле да го напштат замокот, натовариле се што може да се понесе, братно ги потковале почите на коњите, а внатре меѓу кулите оставиле само еден тобош што чукал на ветер и се извлекле низ еден слабо чуван излез од замокот.
Како било формирано кумановско Клечовце?
Кога утредента ги видел многуте траги од коњи со наопаку потковани потковици, непријателот помислил дека замокот добил помош и е преполн со војници. А тобошот чукал и правел врева постојано, та опсадата продолжила цели три години.
Легендата за манастирот во липковско Матејче
Но, по повлекувањето на населенито и војската, во замокот останала само една глува и слепа бабичка. Таа еднаш изглегла од замокот по вода и се греела на некој припек на сонцето, но притоа ги вознемирила шатките, тоа го привлекло вниманието на непријатиле и ја фатиле. Така, од бабата, најпосле дознале за измамата, но веќе било доцна, па од гнев го разурнале и запалиле замокот.
Извор: „Наш весник“ 19 јуни 1970 година