Без струја денеска неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција, прекини на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“ од 08:45 до 14:45 часот.

Од 10:30 до 12:15, задутре (четврток) прекини во снабдувањето ќе има во населбата Јане Сандански, село Доброшане со индустрискиот дел, населбата Вера Которка, селата Проевце, Шупли Камен и Орашац, како и населбата Зелен Рид.

Во период од 08:21 до 12:30 без напојување со електрична енергија ќе биде дел од населбата Карпош, поточно локалитетот „Сателит“, како и ТЦ „Алфи“ и околните објекти.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски