Легендата за манастирот во липковско Матејче

Сподели со своите пријатели

Сопругата на цар Стефан Душан, а мајка на царот Урош, царицата Елена, во летните месеци честопати доаѓала на одмор во Скопска Црна Гора и Карадак. Меѓутоа, природните убавини на Матејачката планина најмногу ја привлекувале и овој крај особено го засакала.

Во тоа време, сите цареви и великодостојници си граделе свои задужбини, па царицата Елена, го избрала токму овој крај за да си изгради царска црква со манастир „Света Богодорица“.

Loading...

Како комитското село Рамно го добило своето име?

По смртта на цар Душан и распаѓањето на неговото царство, кнез Лазар решил да се круниса за цар токму во оваа црква, надалеку прочуена по својат аубавина. Исто така, цар Лазар во оваа црква ја причестил и својата војска пред да појде во бојот на Косово.

Кога во Куманово пристигнал турскиот султан Мурат со војската и од Султан Џаде ја здогледал убавата црква, веднаш испратил извидница од табор војска за да го известат какво „чудо“ се белее во гората, па откако дознал за причествувањето на противничката војска, веднаш наредил да се израмни со земја.

Како настанало кумановско Четирце?

 

 

Но, турските војници не успеале да ја разурнат „Св. Богородица“ покрај која биле живописани и мноштво светци, спасители на христијанството.

Loading...

На Турците што биле испратени да ја расрушат црквата им се вкочаниле рацете и нозете и не можеле да ја извршат наредбата.

Како селото Думановце го добило своето име?

Известен за настанот, од стравопочит кај црквата пристигнал и самиот султан Мурат со везирите, се поклонил на светото место и наредил да се повикаат најдобрите мајстори за да ја поправат и на Матејачкиот манастир му ги подарил селата, покрај другите што ги имал, Ваксинце, Вак’в, Доброшане, Проевце и Горна кумановска чаршија (сегашно Бедиње).

За да не се причествуваат новите војски против султанската војска во оваа така моќна црква, султан Мурат наредил да се заѕида и северната врата.

Инаку, манстирот во Матејче денеска е разрушен, по воените дејствија од 2001 година.

Извор: „Наш весник“ – 8 мај 1970 година


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *