Ноќеска после полноќ, во кумановски кафе бар во центарот на градот, како што дознаваме неофицијално, барот бил испразнет откако со анонимен повик било јавено дека внатре е поставена бомба.
По добиената дојава, според изворите кои сакаат да останат анонимни, барот бил испразнет од страна на полицијата, и по претрага, било востановено дека се работи за лажна дојава.
Настанот е потврден од СВР Куманово и се чека на официјално соопштение.