Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна во работна посета на Јужна Африка, јави ТАСС.
Лавров слета во базата Ватерклоф во Јужна Африка и се очекува да се сретне со министерот за надворешни работи Наледи Пандора во главниот град на Јужна Африка, Преторија.
Министрите најверојатно ќе разговараат за подготовките за вториот руско-африкански самит и конференција закажана за периодот 26-29. јули во Санкт Петербург.
Се очекува да разменат мислења за БРИКС, со кој претседава Јужна Африка оваа година, ангажманот на други меѓународни платформи, билатералните прашања и клучните меѓународни настани.
Лавров и неговиот јужноафрикански колега последен пат се сретнаа на маргините на 77. сесија на Генералното собрание на ОН. Потоа, двете страни го потврдија интересот за продлабочување на политичкиот дијалог и натамошно развивање на стратешките партнерски односи.