Лоша исхрана, загадување и други извори на хронични заболувања, што се случуваат веќе 30 години, а дополнително и новиот коронавирус – сето тоа создаде услови погодни за вистинска бура, што доведе до еден милион смртни случаи од Ковид-19, се вели во извештајот објавен во научното списание „Лансет“.
„Интеракцијата на Ковид-19 со 30-годишното глобално зголемување на хроничните заболувања и нивните фактори на ризик, вклучувајќи дебелина, хипергликемија и загадување на воздухот, создаде услови за бура што го „нахрани“ бројот на жртвите од Ковид-19“, нагласува престижното британско издание.
„Незаразните болести имаа клучна улога во еден милион смртни случаи предизвикани од Ковид-19 досега и ќе продолжат да го одредуваат целокупното здравје во секоја земја, дури и кога пандемијата ќе се смири“, предупредува главниот уредник на списанието Ричард Хортон.
Според публикацијата, светот се соочува не само со пандемија, туку и со синдемија, односно комбинација од неколку санитарни итни случаи. Синдемии се групи повеќекратни болести кои се влошуваат, а честопати се поттикнати од социоекономски детали, како сиромаштија и здравствени разлики.
„Многу од факторите на ризик и незаразните болести проучени во извештајот се поврзани со зголемен ризик од сериозни форми на Ковид-19, дури и смрт“, наведува Лансет.
„Потребна е итна акција за справување со синдромот на хронични болести, социјални нееднаквости и Ковид-19, односно за справување со интеракцијата на неколку епидемии кои го влошуваат санитарниот товар на веќе погодените народи и ги прават уште поранливи“, предупредува магазинот.
Во извештајот, цитиран од публикацијата, се наведува дека на Стариот континент незаразните болести се одговорни за повеќе од 80 проценти од предвремените смртни случаи и влошувањето на здравјето.
Во 2019 година, главните фактори на ризик во Европа беа хипертензија, проценета на 787.000 смртни случаи, пушење, поврзани со 697.000 смртни случаи, неухранетост, поврзана со 546.000 смртни случаи, хипергликемија, поврзана со 540.000 смртни случаи и дебелина поврзани со 406.000 смртни случаи.
Лансет повикува на значителни напори за намалување на овие ризици преку поамбициозни политики за јавно здравје и ја наведува политиката против пушење како пример.
„Пушењето останува главна причина за смртност во многу богати земји, но изложеноста на тутун е намалена за речиси 10 проценти ширум светот од 2010 година“, пишува весникот.
Сања Костовска