Кувајтскиот емир примен во болница

Сподели со своите пријатели

Кувајтскиот емир шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер Ал Сабах е примен во болница поради итен здравствен проблем, објави државната новинска агенција.

Loading...

Состојбата на 86-годишниот владетел е стабилна, објави во средата КУНА.

Агенцијата КУНА, повикувајќи се на кувајтски функционер, на платформата Х, поранешна Твитер, објави дека емирот бил пренесен во болница за да ја прими потребната терапија и му биле извршени лекарски прегледи.

Шеикот Наваф положи заклетва во септември 2020 година по смртта на неговиот полубрат, шеикот Сабах ал-Ахмад ал-Џабер Ал Сабах, кој почина во САД на 91-годишна возраст.