Општина Куманово: Штетите од невремето да се пријават најдоцна до петок

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги повика граѓаните кои претрпеле материјална штета од силниот ветер и дожд што го зафатија градот минатата недела, да поднесат барање за процена на штетата.

Барањата се доставуваат до Комисијата за процена на вредност на штета од природни несреќи и други непогоди, во архивата на Општина Куманово, а крајниот рок за нивно поднесување е 31 јули 2026 година (петок).

Кон барањето потребно е да се приложи копија од лична карта за физички лица, односно решение или тековна состојба од регистрација во Централниот регистар за правни субјекти кои се сопственици на оштетениот имот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 26-годишен кумановец. Возел и покрај активна забрана

Потребни се и копија од имотен лист за оштетените објекти, како и копија од трансакциска сметка на сопственикот.

Од Општина Куманово посочуваат дека граѓаните можат, но не се обврзани, да достават и фотографии од настанатите штети.

Доколку при поднесувањето на барањето не биде приложена целосната документација, претставниците на Комисијата ќе ги информираат барателите при увидот на лице место за потребната дополнителна документација, со цел комплетирање на постапката.

Никола Ивановски