Кумановка повредена од експлозија на плинска боца

Сподели со своите пријатели

Жена од кумановското село Доброшане била повредена од експлозија на плинска боца, а случајот ноќва го пријавил нејзиниот син во полиција.

Loading...

– На 27.02.2025 во 02.46 часот во СВР Куманово, М.П.(44) од Куманово пријавил дека во домот во село Доброшане, кумановско, неговата мајка Р.П. била повредена од експлозија на плинска боца, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Известен бил јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена додека работела во угостителски објект