Олимпискиот рекордер во стрелање со воздушен пиштол Бранимир Јовановски од Куманово ќе патува за Рио де Женеиро каде ќе се бори за нов успех од Параолимписките игри.
Јовановски денеска ќе биде на пример кај градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски, од каде ќе добие скромна помош во износ од 30 илјади денари за дел од патните трошоци за игрите.
Денеска дојде да му посакаме среќен пат за Рио. Тој ќе биде дел од стрелачката екипа на специјалната Олимпијада и за два дена тој патува во Рио. Од програмата за култура и спрот ќе одвоиме вонредни средства во износ од 500 евра. Тоа ни е дозволено од резервата да интервенираме и ќе помогнеме во надокнадата на патните трошоци – изјави Дамјановски.
Инаку Јовановски првиот златен медал го има осовено на Параолимписките игри од 1992 година кои се одржале во Барселона. Во 1996 година освоил 8 место во Атланта, во 2000 година на параолимписките игри во Сиднеј се закитил со 6 место, а во Атина во 2004 со 5то место. Тој е учесник на 5 Светски првенства и освоени екипни 2 сребрени и 1 бронзен медал, на 8 Европски првенства и освоени екипни 2 златни, 3 сребрени и 5 бронзени медали.
Преку 30 медали од Европски купови и други меѓународни првенства, а во минатото бил и државен првак на СФРЈ – 1990 и 1992 година, вицешампион во 1989 и 1991 година, но ја носи и титулата 14 кратен државен шампион на Македонија.
Loading...