Кумановец со употреба на сила украл накит од жител на Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец со употреба на сила одзел личен накит на жител(ка) на Скопје.

Loading...

– На 22.07.2024 во 22.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Џ.(25) од Куманово. Тој се сомничи дека на 18.07.2024 на улицата „Бајрам Шабани“ со употреба на сила одзел личен накит на Љ.К.(55) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, Г.Џ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски