Кумановец паднал во бунар длабок 15 метри, пожарникарите го спасија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари успешно спасија маж кој вчера паднал во бунар длабок 15 метри во населбата Карпош.

Loading...

Повикот за помош пристигнал на бројот 112 околу 13 часот, при што четворица пожарникари со едно противпожарно возило веднаш се упатиле на терен.

 

 

– Веднаш се упативме таму со помош на морнарска служба, јажиња, спасувачки појаси и успешно го извлековме човекот жив и го предадовме на екипа на Брза помош за понатамошно лекување, изјави Сашо Илиевски, командир на смена во ТППЕ Куманово, кој заедно со својот тим директно учествуваше во мисијата.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Loading...

 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, интервенцијата завршила околу 13:50 часот, а спасеното лице е во добра здравствена состојба.

Никола Ивановски