ТК Тумба од Куманово го освои третото место во Машката тениска лига на Македонија

Сподели со своите пријатели

ТК Тумба го освои третото место во Машката тениска лига на Македонија, што претставува најдобар пласман во историјата на клубот.

Натпреварувањето се одржа на терените на ТК Поинтер, каде што настапија најдобрите тениски клубови во државата.

 

 

Победничкиот пехар го освои ТК Југ, второпласиран беше домаќинот ТК Поинтер, додека четвртото место му припадна на ТК МТП.

 

 

Од ТК Тумба велат дека историскиот успех е резултат на трудот, посветеноста и борбениот дух на играчите, но и потврда дека клубот се движи во вистинска насока.

 

 

Посочуваат дека овој пласман претставува дополнителен мотив во иднина да се борат и за шампионската титула.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два пати гореше расадникот на „Национални шуми“ во Бедиње (ВИДЕО)

 

 

Тимот на ТК Тумба го сочинуваа Далибор Димковски (капитен), Алексеј Стојмановски, Марин Стефановски, Стефан и Марко Дебрешлиоски, Славко Саздовски и Марко Димковски.

 

 

Од клубот им се заблагодарија на сите што беа дел од натпреварувањето, истакнувајќи дека историскиот резултат им го посветуваат на своите членови, навивачи и поддржувачи.

Никола Ивановски