Приведен 19-годишен кумановец кој возел мотор без дозвола

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека вози мотор без да има положен испит.

– На 27.06.2026 во 21:15 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Х.В.(19) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Х.В. и по извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мотоциклот бил одземен, додаваат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два пати гореше расадникот на „Национални шуми“ во Бедиње (ВИДЕО)

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против Х.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски