Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден околу 18:45 часот на улицата „Иво Лола Рибар“, 24-годишниот М.М. без повод и причина физички го нападнал Д.Б. исто така 24-годишен од Куманово.
Loading...
Удирајќи го со тупаници во прелот на лицето истиот паднал во бесознание при што со возило на Итната медицинка помош е пренесен на хирушкото одделение во кумановската болница и е задржан на болничко лекување.
М.М. е приведен во страна на СВР-Куманово и против истиот по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.