Граѓаните на Куманово вчеравечер во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ја проследија втората фестивалска вечер од „Денови на комедија“ на чиј репертоар беше Театар Штип.
Loading...
Со претставата „Ле кретен“ штипјани ја затворија втората фестивалска вечер за која исто така имаше огромен интерес од публиката.
Loading...
На големата сцена на НУЦК „Трајко Прокопиев“ играа Миле Вратеовски, Елена Шорова – Дербов, Пеце Ристевски, Анѓелка Нашкова, Владимир Тулиев и Даријан Петров, а во режија на Никола Ристов.
Фестивалот продолжува утревечер кога на репертоарот доаѓа Народен театар – Пирот од Република Србија со претставата „Приказна за театарот“.
Никола Ивановски
Loading...