Куќи, автомобили и бандери гореле вчера низ кумановско (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Два автомобили, две куќи, но и бандери гореле вчера во неколку пожари на териториите на општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на тертиорија на Општина Куманово, вчера изгорела куќа во селото К’шање, каде во период од 17:40 до 19:00 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

На територијата на Општина Старо Нагоричане, во селото Облавце, повторно горела истата куќа чијашто кровна конструкција изгоре ден претходно.

 

 

Двајца пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане го изгаснале во период од 12:45 до 15:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Автомобил изгорел во кумановското село Проевце. Четворица пожарникари на ТППЕ Куманово вчеравечер го гаснеле во период од 22:25 до 23:25 часот.

Loading...

И во атарот на липковско Лојане вчера изгорел автомобил, каде исто така интервенирале четворица пожарникари во период од 07:25 до 09:15 часот.

Во кумановското село Доброшане вчера во период од 15:30 до 16:10 часот, тројца пожарникари гаснеле запалена бандера.

Сличен пожар рано утринава имало и во селото Романовце, каде во период од 04:30 до 05:25 часот интервенирале двајца пожарникари.

Во моментов нема активни пожари.

Никола Ивановски