Кризата може да го втурне ЈП „Чистота и зеленило“ во загуба од милион евра

Сподели со своите пријатели

Поскапувањето на енергенсите, но и покачувањето на минималната плата, а дополнително и линерано зголемување на останатите плати, може да го втурне кумановското Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во загуба од еден милион денари до крајот на годината.

Loading...

Оваа информација денеска пред Советот на Општина Куманово ја презентираше директорот на  комуналното претпријатие Даниел Стојчевски, кој вели дека расходите се енормно покачени по сите основи.

Во „Чистота и зеленило“ околу 75 отсто од 350те вработени се на минимална плата, а зголемувањето на истата ќе генерира поголеми трошоци.

– Да не бидам погршено разбран, тие заслужуваат и повисока плата, меѓутоа паралелно со покачување на минамалната плата која е 80 отсто од расходите, останатите 10 до 15 отсто се енергенси како стурја, гас и особено нафта. Имаме зголемување на нафтата од 30 до 40 отсто, струја три до четири пати повисока, гасот знаете дека поради гасот не работи за жал затворениот градски базен, ќе направиме напори најбрзо да го твориме и сите граѓани кои ја користат оваа услуга да се вратат на пливачките стази, но овие трошоци да ги претставам пред јавноста, појасни директорот Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Како што вели приходите кои ги имаат веќе не се доволни ни да се исплати плата.

 

23 милиони денари им се потребни на кумановските училишта за струја и гас

 

Loading...

– Приходите се 12 милиони денари, 3 милиони фактурирање кон правни лица, 6 милиони кон физички лица и 2,5 милиони денари се фактурирање кон општината кои ги исплаќа за изработка на програмата и останати приходи. Јавното претпријатие има приходи од 12 милиони денари. Платниот фонд во овој момент е 9 милиони денари, а со примена на закон за минимална плата и правилникот за исплата на плата за кој има рок да го примениме, изнесува 12,5 милиони. Значи јавното претпријатие има приход од 12 милиони, а за плата треба да даде 12,5 милиони, рече Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Во информацијата за моменталната состојба со енергетската состојба на институциите на локално нивп, стои дека „Чистота и зеленило“. Ако во минатото за нафта се трошеле 800.000 денари месечно, сега тој трошок е 1,3 милиони денари, ако сметката за струја била од 200 до 300 илјади денари сега е 800 илјади.

Проекциите се дека ако не пристигне помош од централната власт, а цените на енергенсите продолжат да растат или останат на оваа ниво, тогаш ќе се генерира загуба и до 60 милиони денари.

– Согласно сите овие информации кои ги кажав, нашите калкулации велат дека доколку сега не преземеме ништо, јановто претпијатие во 2022 година ќе направи загуба од 50 до 60 милиони денари, а ако цените уште се покачуваат ќе има и поголеми загуби, рече Стојчевски.

Власта во Советот бара централната власт да им помогне, но опозицијата предводена од СДСМ вели општината сама да крати од капиталните инвестиции и од сопствениот буџет да ги спасува јавните претпријатија и училиштата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Според Стојчевски тоа е малку нерално бидејќи ако остварат загуба како што е проектирано од милион евра, тоа е четвртина од целиот Буџет на општината, а од друга страна огромни трошоци има и ЈП „Водовод“ чии сметки за струја изнесуваат 14 милиони денари за два месеци.

Денеска од дневен ред беа повлечени неколку точки со кои требаше да се носи одлука да се покачат сите услуги кои ги дава ЈП „Чистота и зеленило“, од сибрање смет до погребалните услуги, но како што беше посочено, пред да се удри врз џебот на граѓаните, ќе се бара носење заклучок кој ќе се достави до Владата со цел да се покријат дел од загубите генерирани од кризата.

Никола Ивановски

Loading...