Со мобилен ја удирал во лице: Малолетничка од Куманово нападната од врсник!

Сподели со своите пријатели

Кумановка вчера пријавила дека нејзината малолетна ќерка била нападната од врсник, кој со мобилен телефон ја удирал по лицето.

– На 15.10.2026 во 15:30 часот во СВР Куманово, Ѓ.Р.(41) од Куманово пријавила дека околу 22:00 часот во нас.Перо Чичо во Куманово, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од малолетник, кој притоа со мобилен телефон ја удирал по лицето, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од утре започнува подготовка за асфалтирање на улицата „Моша Пијаде“