Кралицата Елизабета Втора имала подготвено голем број говори за големи настани, а меѓу нив е и оној што ќе го одржeла во случај на Трета светска војна.
Оваа верзија на говорот е напишана во 1983 година, за време на Студената војна, а на јавноста стана достапна во 2013 година, кога ја објави Националниот архив на Велика Британија.
Одредени делови од говорот се застарени, но се верува дека неговата суштина ќе се искористела доколку дошло до нов светски конфликт.
Текстот на говорот кој го пренесе Би-Би-Си го пренесуваме во целост:
„Никогаш не ја заборавив тагата што ја почувствував на тој кобен ден во 1939 година кога го слушав татко ми (Џорџ VI) како вели дека Втората светска војна започнала. Немав поим дека еден ден ќе треба да го кажам истото. Како и да е, какви и да не чекаат ужаси, сето она што двапати ни помогна да ја зачуваме слободата овој век, ќе ни помогне да преживееме повторно.
Сите знаеме дека сега се соочуваме со опасности поголеми отколку што некогаш биле. Непријателот не е војник со пушка или авијатичар кој лета над нашите градови и села, туку злоупотребена технологија, која има смртоносна моќ.
Затоа, мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат, бидете утеха за осамените и бездомниците. Нека вашето семејство им даде надеж на оние на кои им треба. Додека заедно се бориме против злото, да се молиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да се. Господ да ве благослови“.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.