Котевски: Дел од терористите се припадници на поранешната 113 бригада на УЧК

Сподели со своите пријатели

Осум загинати и досега повредени 37 полицајци и најмалку 14 загинати терористи е билансот од акцијата на полицијата во кумановската Дива населба, соопшти на прес – конференција,  помошникот министер за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски.

Loading...

Министерството за внатрешни официјално прогласи дека операцијата е завршена, а е разбиена една од најопасните терористички групи на Балканот.

Како што соопшти Котевски, терористичката група ја предводеле Мухамет Красниќи- Малишева, Сами Укшини -Соколи, Бег Риза- Војнику, Дем Шеху и Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО.

Сите се од Косово и се основачи на паравоени структури. Тројца од нив се предале синоќа на полицијата, и се утврдува нивниот идентитет. Се уште не е утврдено дали таканаречениот командант НАТО е жив .

– Полицијата досега утврди дека има 14 загинати меѓу терористите, меѓу кои и Џафер Зимбери од Ѓковица. Моментално не можеме да презентираме информација за други загинати. Објектите каде што беа стационирани терористите се уништени, па можеби има уште тела на загинати под урнатините – посочи Котевски.

Котевски информира и дека е пронајдена голем арсенал на оружје кој е подигнат и ќе биде предаден за обработка. Полицијата го обезбедува местото.

Уапсени се 30 лица главно македонски и еден албански државјани.

– Со лицата се разговара и ќе бидат утврдени сите детали и долколку има и други лица од Макеоднија нивни јатаци истите ќе бидат предмет на натамошна обработка – изјави Котевски .

Според МВР, терористичката група, ја сочинувале повеќе од 40 лица. Дел од нив се припадници на поранешната 113 бригада на УЧК. Тие во изминатите неколку денови илегално влегле во земјава и се стационирале во Дивата населба во Куманово.

Планирале од средината на месецов да нападнат голем број инстиуции во земјава. Дел од нив се припадници на поранешната 113 бригада на УЧК.

Loading...

МВР објави и видео од  приведените.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *