КОРОНА РЕКОРДЕР: Дури 90 пати се вакцинирал против ковид!

Сподели со своите пријатели

Со месеци се вакцинирал во центрите за вакцинација во сојузната покраина Саксонија, а полицијата неодамна го открила.

Loading...

Германец од Магдебург примил 90 дози вакцина против коронавирус, а потоа им продавал сертификати за вакцинација на оние кои не сакале да се вакцинираат.

 

Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите ги повика гледачите да ја поддржат Украина

 

Станува збор за 60-годишен маж чие име и презиме не се објавени. Со месеци се вакцинирал во центрите за вакцинација во сојузната покраина Саксонија, а полицијата неодамна го открила.

Тој не е уапсен, истрагата е во тек, а се товари за неовластено издавање и фалсификување документи, пренесува Klix.ba.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕКСПЛОЗИЈА НА БРОД! Најмалку 40 лица загинаа

Тој бил забележан во центарот за вакцинација во Ајленбург кога бил меѓу оние што чекале вакцинација втор ден по ред.

Loading...

Полицијата му одзела неколку потврди за вакцинација. Не е познато како 90 дози вакцина влијаеле на здравјето на осомничениот.

 

Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите ги повика гледачите да ја поддржат Украина

 

Во Германија во изминатиот период биле спроведени бројни рации со цел да се открие фалсификување на потврдите за вакцинација. Купувачи на овие потврди се оние кои не сакаат да се вакцинираат, но им требаат сертификати, на пример, за посета на угостителски објекти.

Во оваа земја се укинуваат епидемиолошките мерки, без разлика што повторно се зголемува бројот на заразени коронки со вирусот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја продолжува да емитува пропагандни преноси против Северна Кореја

Некои експерти веруваат дека врвот на пандемскиот бран на омикронскиот сој на коронавирус BA.2 веќе се случил, пренесува Асошиејтед прес (АП).