Комисијата за заразни болести со мерки против мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјата.

Loading...

Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај.

Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа: изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање; изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите; секојденвно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден.

КЗБ ја реафирмира препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.