Членовите на здружението на граѓани „Коледари“ во недела во селото Колитско ќе го извршат традиционалното берење на бадникови гранчиња.
Loading...
Станува збор за традиционална манифестација на членовите на здружението „Коледари“, а гранчињата потоа ќе се делат на граѓаните на градскиот плоштад во Куманово и ќе се пали бадников оган на прославата за Бадник.
Трдиција на здружението е и гранчињата да бидат осветени од свештено лице при самото берење.
„Коледари“ ги повкуваат сите граѓани кои сакаат да присуствуваат, во недела во 10:30 часот да се соберат во Коледарскиот дом во населбата Карпош од каде еден ќе се замине кон селото Колитско.
Годинава со манифестацијата ќе се одбележи 25-годишен јубилеј.
Никола Ивановски