Кој ја донел првата фудбалска топка во градот и уште 15 малку познати факти за кумановскиот спорт

Сподели со своите пријатели

Куманово важи за град кој со години наназад го негува спортскиот дух и бил центар на сите спортски случувања во поранешна Југославија. Денешните спортисти не радуваат со нови успеси, но добро е да се потсетиме и на историјата на кумановскиот спорт и 16 интересни факти кои ги издвојуваме за вас.

Loading...

Во 1915 година за прв пат во Куманово имало пливачка екипа. Таа учествувала на Југословенското првенство во Охрид и освоила петто место од шест екипи. Зад неа била само екипата на Велес.

10 факти за кумановскиот спорт кои не сте ги знаеле (1 дел)

Во 1947 година за прв пат во Куманово гостувала фудбалската екипа на „Партизан“ од Белград. Во пријателска средба со тогашната екипа на „11 Октомври“, „Партизан“ забележал победа со 7:0.

Фудбалските екипи „Напредак“ и „Единство“ во 50те години

Првата фудбалска топка во Куманово е донесена во 1919 година од Трајан Чуљков, студент во Загреб. Фудбалската топка и правилата за фудбалската игра ги донел од Франција, каде престојувал и го засакал фудбалот.

Момчило Ивановски – Бобе во периодот од 1948 до 1953 година бил еден од најсилните играчи во шах во Куманово. Тој го победил велемајсторот Марановиќ и мајсторите Мариќ, Бидев, Авировиќ, Софревски и др.

Loading...

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (9 дел)

Стојан Ивановски – Слога бил познат спортски работник во Куманово. Од 1924 до 1930 година бил основач и претседател на спортското друштво КСК. Тој бил и шаховски ветеран и еден од основачите на Шаховски клуб Куманово во 1933 година.

Најголем успех од подмладоците на фудбалските клубови од нашиот град има постигнато подмладокот на некогашен „Динамо“ во 1957 година кога го освоилвторото место во Македонија. Во финалето играле со Работнички од Скопје. Во Куманово одиграле со резутат 5:3, а во Скопје загубиле со 5:1.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (8 дел)

На II Републички слет одржан во 1947 година претставникот на Куманово Светозар Аврамовски го освоил првото место на трката на 1.500 метри. Тој трчал без особени подготовки и бос.

Loading...
Подготовка за „Слет на денот на младоста“ на стадионот во Куманово во 1975 година

На 27 ноември 1959 година во Куманово се одиграл финалниот натпревар во фудбал за Македонија меѓу КСК од Куманово и Победа од Прилеп. Во драматичната игра КСК дури во продолжение загубил со 4:3.

Во повоениот период прва спортска екипа од Куманово која гостувала во странство биле фудбалерите на „11 Октомври“. На 9 септември 1947 година гостуваше во Бугарија, Ќустендил и во средбата со „Левски“ победиле со 7:0.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (7 дел)

До 1959 година Зимскиот кошаркарски турнир се одржувал по покровителство на кумановскиот КСК и бил масовен. Од тој момент турнирот станал квалитетен, а негов организатор подонца бил КК Партизан од Куманово.

Наталија Петковиќ од Куманово во 1948 на Државното првенство во атлетика одржано во Скопје го освоила второто место на 800 метри – трчање за жени.

Атлетска трка во Куманово, 1924 година

Loading...

Еден кошаркар на некогашен „Партизан“ од Куманово имал чудна спортскa кариера која траела само 12 секунди. Играл против екипата на „Будуќност“ од Пеќ.

Пред да се изгради Соколана, гимнастичарите од Куманово вежбале во просториите на „Гранд кафана“ која се наоѓала на улицата Ленинова.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (6 дел)

Првата кошаркарска екипа во Куманово е формирана во 1946 година во состав на Славе Боциќ, Герасим Митревски, Чедо Поповиќ, Мане Ерфремовски и Ацо Наумовски, кој воедно бил и прв тренер на екипата. Овој состав учествувал на Првиот кошаркарски турнир на Југославија што се одржал токму во Куманово.

КК Куманово – вицешампиони на Македонија – 1967 — Моме Лигаш, Цаце – Казан, Александар Младеновски -Цаце, Коле – Оџа, Миле Трајковски-Манте, Драган Јакимовски – Џое, Јовица Димитриевски -Грицко, Борче Трајковски, Мето Крстевски – Апо и Душко Ивановски -Боби.

Loading...

Во 1951 година во Куманово гостувал интернационалниот мајстор во шах Браслав Рабат, кој одиграл симултанка со повеќе кумановски шахисти. Тогаш Рабар загубил од првакот на Куманово Момчило Ивановски Бобе во 18от потег.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (5 дел)

Историјата на фудбалот говори дека само еднаш фудбалска екипа од Куманово била првак на Македонија. Тоа му успеало на клубот „11 Октомви“ во сезоната 1949/1950 година.

Leave a Reply