10 факти за кумановскиот спорт кои не сте ги знаеле (1 дел)


На кошаркарскиот турнир од 1946 година во Куманово бил постигнат најмалиот резултат во аналите на овој спорт. Актери на овој меч биле екипите на Куманово и Скопје, а крајниот резултат бил 6:5 за Куманово.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (Прв дел)

Loading...

Првиот женски спортски тим во Куманово бил формиран во 1926 година. Тој бил составен од две екипи што играле хазена (еден вид денешен ракомет). Својата прва средба овие пионерки на спортот ја одиграле со Илирија од Љубљана.

На местото каде денеска се наоѓа автобуската станица во Куманово, во 1923 година е формиран фудбалскиот клуб Македонија. Тој се смета за еден од најстарите фудбалски тимови на Балканот.

Во 1950 година фудбалскиот клуб „11 Октомври“ од Куманово се натпреварувал во III Сојузна фудбалска лига. Со својот „успех“ влегле во историјата на југословенскиот фудбал. Одиграле 20 натпревари, загубиле 19 и еден одиграле нерешено со „Пролетер“ од Осијек.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (2 дел)

Првата државна репрезентативка од Куманово е падобранката Стоја Спасовска. Во 1963 година била првак на Југославија и член на Југословенската падобранска репрезентација на Светското првенство.

Loading...

На првиот кошаркарски турнир во Куманово во 1946 година во натрепвар за жени победила екипата на Куманово. Во решавачкиот натрепвар кумановки го победиле тимот на Скопје со резултат 3:2.

На традиционалниот кошаркарски турнир од 1957 година во Куманово за најдобар кошаркар бил прогласен Мице Ивановски, член на екипата „Партизан“ од Куманово. На турнирот тој постигнал 180 коша.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (3 дел)

Во историјата на кумановскиот спорт забележано е постоење на скијачка екипа во 1954 година која е прва и последна во тој спорт. Истата година екипата на натпреварување во Куршево освоила петто место од шест екипи кои учествувале.

Прв официјален фудбалски натпревар по ослободувањето е одигран во Куманово меѓу екипите на „Куманово“ и „Работнички“ од Скопје. Средбата завршила со победа на Куманово со резултат 2:1.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (4 дел)

Во Куманово во 1929 година бил одигран меѓународен фудбалски натпревар меѓу КСК од Куманово и Бешикташ од Истанбул. Натпреварот завршил со 3:2 за Бешикташ, а се одиграл на игралиштето кое се наоѓало на местото на денешната Општа болница Куманово.

Loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *