Кој и зошто застана на страната на Русија во ОН?

Сподели со своите пријатели

Блиските руски сојузници Белорусија, Никарагва, Сирија, Северна Кореја, Еритреја и Мали на 23 февруари гласаа против необврзувачката резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) со која се повикува Москва да ги прекине непријателствата во Украина и да ги повлече своите сили.

Loading...

Овој документ го поддржаа 141 земја, а 32 беа воздржани.

Венецуела не можеше да гласа бидејќи тоа право ѝ беше ускратено поради неплатени обврски кон светската организација во износ од 40 милиони долари.

Овие земји, како Русија, имаат авторитарни режими. Според Индексот на човековата слобода на Институтот Като за 2020 година, Русија е на 115-то место од 194 земји во светот.

Белорусија е на 99 место, а Сирија е меѓу десетте најнеслободни земји во светот.

Северна Кореја и Еритреја, двете еднопартиски диктатури, воопшто не се рангирани.

Белорусија

Белорусија и Русија имаат заедничка граница и имаат и важни економски и политички врски, а 48 отсто од надворешната трговија на Белорусија е со Русија.

Белорусија зависи од увозот на руски енергетски производи по повластени цени. Од друга страна, коридорот Сувалки води од Белорусија до руската енклава Калининград.

Loading...

Станува збор за копнена лента долга 65 километри на границата меѓу Полска и Литванија.

Познатото списание „Политико“ го нарече коридорот Сувалки најопасно место на планетата, бидејќи таму може да започне третата светска војна поради стратешкото значење за Русија и НАТО.

Александар Лукашенко, авторитарниот лидер на Белорусија, е обвинет за кршење на човековите права за потиснување на печатот и дозволување на неговата армија да учествува во заеднички вежби со руските војници во Белорусија.

Улогата на Белорусија во претходната инвазија веќе резултираше со санкции од Британија и ЕУ.

Русија и Белорусија формираа сојуз во 1997 година како наднационален ентитет со цел да ги продлабочат врските и соработката.

Во последно време се зборува за обединување на двете земји.

Сирија

Сирискиот претседател Башар ал Асад го пофали рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина и ја осуди западната „хистерија“.

Асад рече дека настаните во Украина ја „поправаат историјата и ја враќаат рамнотежата што беше изгубена во светот по распадот на Советскиот Сојуз“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел ја нападна и Сирија

Официјален Дамаск е верен сојузник на Москва откако Русија започна воена кампања во Сирија во 2015 година, која помогна да се сврти бранот на граѓанската војна во корист на режимот на Асад, со масовно воздушно бомбардирање на областите под контрола на опозицијата.

Северна Кореа

Северна Кореја ја осудува „хегемонистичката политика“ и „арбитрарноста“ на САД и на Западот како целина.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја минатата година соопшти дека Западот е виновен за „злоупотреба на моќта“.

„Основната причина за украинската криза целосно лежи во хегемонистичката политика на САД и Западот поради Оската и злоупотребата на моќта против другите земји“, рече Пјонгјанг.

Русија игра значајна улога во заштитата на Северна Кореја од казнените мерки на меѓународната заедница.

Москва постојано го блокираше соопштението на Советот за безбедност на ОН против Северна Кореја поради нејзините ракетни тестови.

Врската меѓу Москва и Пјонгјанг веројатно ќе продолжи да се зајакнува бидејќи Русија се обидува да ја доведе во прашање американската надворешна политика, а Кина станува се пофрустрирана од постапките на оваа „одметничка држава“, оценува „Бизнис инсајдер“.

Еритреја

Еритреја е еднопартиска држава со која управува Исиас Афверки. Тој никогаш не одржал избори откако дојде на власт во 1993 година.

Loading...

Евиденцијата на човековите права во оваа источноафриканска земја редовно се оценува меѓу најлошите во светот, практично без слобода на печатот и 10.000 политички затвореници кои често се подложени на тортура.

Еритреја беше цел на меѓународни санкции, но Русија често се противеше на тие мерки.

Русија, исто така, размислува за изградба на воена база во земјата на Рогот на Африка за да го зајакне своето упориште на континентот.

Мали

За разлика од претходните резолуции минатата година кога беше воздржана, африканската земја Мали во четвртокот беше против документот на ОН со кој се осудува Русија.

Војната на Мали против џихадистичките групи од 2012 до 2013 година ја разоткри кревкоста на режимот и неговата војска.

И додека француската војска ја доби војната против џихадистичките групи, личната несигурност продолжи да преовладува во северниот дел на Мали, која се прошири во неколку региони во центарот на земјата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

Локалните групи го обвинија Париз за ова, прикажувајќи го неговиот наводен колонијален пристап како основна причина за страшната ситуација во Мали.

Групата која се залагаше за соработка со Русија – „Groupe des Patriotes du Mali” (Патриоти на Мали) – се појави на сцената во 2017 година.

Иако нејзиното потекло е секако локално, Москва брзо го забележа тоа, според анализата на Центарот Моше Дајан во Тел Авив.

По двата пуча со кои беше соборена демократски избраната влада, Мали стана изолиран од своите традиционални сојузници во Западна Африка, а дипломатскиот јаз со Франција доведе до повлекување на неговите трупи од земјата.

Но, Русија застана на страната на Мали, гласајќи против напорите на Советот за безбедност на ОН да воведе санкции врз земјата, па затоа сега е нејзин најблизок сојузник.

Loading...

Во 2014 година, Мали гласаше за резолуција на ОН за осуда на руската анексија на Крим, но сегашната промена на позицијата е знак за неговиот нов однос со Русија и огромното влијание што таму го имаа емисарите на Москва, вклучително и активностите на платеничката група Вагнер, според лондонскиот Chatham House.

Никарагва

Откако Даниел Ортега се врати на чело на Никарагва во 2007 година, таа разви блиски односи со Русија, главно политички.

Соединетите Американски Држави се убедливо најголемиот трговски партнер на Никарагва, а потоа следат другите земји од Централна Америка и Мексико.

Како марксист-ленинист, Ортега беше на чело на Никарагва од 1979 до 1990 година.

Никарагва долго време ја поддржува Русија во ОН. Во јуни минатата година, одобри распоредување на воен персонал од Русија и други земји како дел од периодичното ажурирање на долгорочната политика.

Loading...

„Русија имаше различни видови на воено присуство во Никарагва, особено воени и разузнавачки советници“, изјави за Ал Џезира Карлос Касканте, професор на Универзитетот во Костарика.

Сепак, според него, тајмингот бил важен за ваквата одлука, која е донесена во моментот кога во Лос Анџелес се одржа Самитот на Америка, на кој САД не ги поканија Никарагва, Венецуела или Куба.

Постојаната загриженост на Ортега е можна американска интервенција, така што во интерес на Никарагва е да проектира поддршка од моќен сојузник со цел да ја одврати, изјави за Ал Џезира Карлос Муриљо, професор по меѓународни односи на Универзитетот во Костарика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

„Историски гледано, Никарагва е многу вешта во управувањето со своите дипломатски дејства, иако тоа можеби не е секогаш очигледно“, додаде Мурило.

Зошто Авганистан ја призна руската анексија на Крим во 2014 година?

Руската анексија на Крим во 2014 година беше поддржана од Куба, Никарагва, Венецуела, Сирија, Авганистан и Северна Кореја.

Речиси сите се сметаат за „одметнати“ или нестабилни со длабоки историски корени поврзани со Русија и поранешниот Советски Сојуз.

Loading...

„Русија ја користи својата моќ во обид да го поткопа американското раководство и да го оспори нејзиното влијание на западната хемисфера… Русија се обидува да ги придобие Куба, Венецуела и Никарагва со цел да добие пристап до воздушните бази и пристаништата за снабдување на своите поморски сили и стратешки бомбардери кои работат на западната хемисфера “, изјави во март 2015 година Џон Кели, поранешен шеф на Јужната команда на САД.

Најголемото изненадување е поддршката на Авганистан за анексијата на Крим.

Пред само една генерација, Советскиот Сојуз брутално го окупираше Авганистан, а американската војска и НАТО сè уште беа распоредени во таа земја во времето на анексијата.

Но, тогашниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, кон крајот на својот мандат се повеќе се обидуваше да го оддалечи Авганистан од Западот.

Неговата поддршка за анексијата на Крим веројатно беше обид да се разликува Кабул од Вашингтон, според „Бизнис инсајдер“.

Loading...

Четири земји ги признаа Абхазија и Јужна Осетија во 2008 година.

По победата во војната во Грузија во 2008 година, Русија призна два сепаратистички региони – Абхазија и Јужна Осетија – како независни држави.

Неколку земји го следеа потегот на Москва: Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија, пишува РСЕ.

Тувалу го повлече своето признавање во 2014 година, додека статусот на признавањето на Абхазија од страна на Вануату доведе до конфузија помеѓу 2011 и 2015 година, само за да потврди во 2019 година дека го поддржува територијалниот интегритет на Грузија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.