Коха Диторе: Членови на групата од Куманово соработувале со УБК

Сподели со своите пријатели

Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, двајцата членови на групата кои беа убиени во Куманово, според наводите на весникот Коха Диторе, а повикувајќи се на извори од документи на Косовската агенција за разузнавање,  претходно биле на чело на група од 44 луѓе, при што планирале напад на високо 0безбеден затвор во Подујево, Р.Косово.

Loading...

Планот на групата бил повзран со ослободување на двајца луѓе Б.К и Б.Б, кои биле осудени на затворска казна за тешки кривични дела, и кои се сметале за луѓе опасни по околина поради претходно извршени убиства.

Истрага на Косовската агенција за разузнавање според весникот, започнала во 2013 година, водена под истрага за ”напад врз правниот и уставен поредок на Косово” и ”овозможување бегство на осудени лица”.

Во истовреме, косовската агенција дошла до сознание дека групата планира вооружени напади и во Македонија, без предизвикување човечки жртви, слично на нападот во Гошинце, општина Липково.

Весникот Коха Диторе наведува дека косовската агенција за разузнавање поседувала и докази за соработка на тројца косовски и еден македонски државјанин, инаку членови на групата, со македонската Управа за безбедност и контраразузнавањеда со цел да предизвикаат инцидент за којшто за возврат би добиле пари.

 

 

Leave a Reply