Кога биле поставени првите пешачки премини во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Она што на Куманово најмногу му недостасувало кон крајот на шеесетите години за поуспешно регулирањена сообраќајот, кога улиците биле веќе оптоварени со моторни возила и кога за минувачите претставувале опасност, биле секако пешачките премини, кои започнале да се поставуваат во октомври 1967 година.

Loading...

Уште од претходно биле правени напори патеките за минувачите да се бојадисуваат со бела боја, но тоа било непостојано.

„Зебрите“ тогаш се правеле на поинаков начин. Со поставување бели бетонски блокови, меѓу старата калдрма на патишата, кои биле трајни и еднаш засекогаш го решавале прашањето на минувачите. Но, затоа денес мораме да ги бојадисуваме постојано…

Извор: „Наш весник“ број 145 (среда, 11. октомври 1967. година)

Leave a Reply