КОЕ до верниците: Не одете навечер на гробните места – Духовден не е празник на духови (видео)

Сподели со своите пријатели

На денот кога православната црква се сеќава на починатите, Кумановско – осоговска епархија во пресрет на т.н давање милостиња и верскиот празник Духовден, потсети на обичаите и традицијата на одбележување на овој ден, согласно преданијата на христијанската вера.

Loading...

Сите јадења кои се носат на вечните почивалишта се неправилни обичаи, и јадење се носи само за живите, но не и за упокоените членови од семејствата, потенцираше денес Отец Игор Здравсковски, лице за односи со јавноста во Кумановоско – осоговската епархија, осврнувајќи се на пренаглената потреба на верниците, на гробните места да носат храна во изобилство, мислејќи дека така ќе принесат гозба за упокоените членови на семејството.

– За молитва на своите упокоени, утре на вечните почивалишта, понесете само црвено вино и пченица. Сите останати јадења кои се носат на гробните места е неправилно. Порано јадење се носело за сиромашните, но не и за упокоените души. Мртвите не можеме да ги нахраниме, и единствено нешто што можеме да принесеме на упокоените е молитва, вели Здравковски.

Излегувањето на гробишта преку ноќ во сабота според Отец Здравковски останува изолирана појава само во Куманово.

– Излегување на гробно место спроти Духовден е сосема спротивно со толкувањето на празникот. Духовден не е празник на духови, туку на славењето на светата троица.

Благодарењето на Бога е преку литургија, па така и Кумановско – осоговската епархија ќе одржи богослужби во кумановските црковни храмови во пресрет на верскиот празник Духовден.

Leave a Reply