КК Куманово или МЗТ Скопје: Вечерва се игра првиот од трите натпревари за трофеј во кошарка

Сподели со своите пријатели

Во спортската сала ”Јане Сандански” во Скопје, денес со почеток од 19 часот, започнува првиот од трите натпревари од финалната серија за кошаркарски првак на Македонија.

Loading...

Финалето во кое за првпат ќе се борат екипите на МЗТ Скопје и Куманово се игра до три добиени средби, а актуелниот кошаркарски првак ќе ја има предноста на домашен терен поради подобриот пласман на крајот од македонската Суперлига.

По натпреварот во петок, термините за преостанатите средби се недела (31.05.2015), вторник (02.06.2015), а доколку има потреба натпревари ќе се играат и во петок (05.06.2015) и недела (07.06.2015).

Влезниците може да се набават низ продажната мрежа на МКТИКЕТС, како и на билетарата при СЦ Јане Сандански по цена од 100 денари.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *