КК Куманово без доволно сили за Работнички (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово претрпеа пораз во рамките на 3то коло од домашниот шампионат, откако на домашен терен вчеравечер го загубија натпреварот против Работнички со резултат 70:72.

Loading...

Желбата за победа беше очигледна кај двата тима кои во текот на целиот натпревар не направија значително водство кое би им донело сигурна победа.

Избраниците на тренерот Александар Петровиќ подобро го стартуваа мечот кога на крајот на првата четвртина имаа водство со 19:13. Во вторите десет минути на паркетот „центарци“ се покажаа како поефикасни, па на полувреме се замина со резултат 37:36 за домаќините.

Третата четвртина исто така беше на страната на Работнички, додека во последната со израмнети 16:16 екипите се мачеа до последна секунда за триумф.

Loading...

Откако на неколку секунди пред крајот Куманово не успеа да уфрли со тројка за пресврт во резултатот, победата ја однесе Работнички кој останува на врвот на табелата без пораз од почетокот на сезоната.

Со 17 поени најефикасен во составот на Куманово беше Марјан Младеновиќ, со два помалку Филип Стојановски, 14 запиша Горјан Марковски, а двоцифрен број поени имаат и Јанески и Миладиновиќ.

Во составот на Работнички со 31 поен столб на играта беше Бенџамин Двејн, а со 11 Љубомир Младеновски.

Ова е прв пораз за составот на Куманово, со што моментално е на 5та позиција во табелата со ист број бодови како Кожув, МЗТ, Гостивар и Еуро Никел.

Loading...

Следниот натпревар Куманово го игра на гостински терен против составот на МЗТ Скопје Аеродром.

Leave a Reply