Кинезите создадоа вирус сличен на корона, стапката на смртност е 100 отсто

Сподели со своите пријатели

Смртоносниот вирус што го одгледуваат кинеските научници е мутирана верзија на вирусот GX/2017 што го пронајдоа во 2017 година.

Loading...

Некои експерти веруваат дека оваа студија е страшна и научно целосно бесмислена.

Тие го нарекоа мутантниот вид на вирусот Ковид 19 GX_P2V и го тестираа на глувци кои генетски ги конструираа за да личат на генетскиот изглед на луѓето, објави Њујорк пост.

Лабораториска верзија на коронавирусот со лушпест мравојадец, за кој претходно беше докажано дека е поврзан со пренесувањето на коронавирусот, има 100 проценти смртност кај глувците.

Извештај за ова беше објавен од Пекинг минатата недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во дом за стари лица во Шпанија, најмалку десет жртви

– Студијата го покажува ризикот од пренесување на GX_P2V на луѓето и ни помага да ги разбереме патогените механизми на вирусите поврзани со САРС-КоВ-2 – напишаа авторите.

Смртоносниот вирус што го одгледуваат кинеските научници е мутирана верзија на вирусот GX/2017 што го пронајдоа во 2017 година, три години пред пандемијата на коронавирус.

Сите глувци на кои им беше даден GX_P2V умреа во рок од осум дена, а научниците беа изненадени од тоа колку брзо убива вирусот.

Loading...

Глувците имале брзо губење на тежината, летаргија, а очите им побелеле.

Вирусот ги нападнал мозокот, очите и белите дробови, а во последните два дена од животот, вирусот се зголемил во мозокот, што според авторите на студијата може да сугерира дека тешката мозочна инфекција во подоцнежната фаза на инфекцијата може да биде клучна причина за смрт кај овој вирус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската принцеза Јурико почина на 101-годишна возраст

„Ова истражување е бесмислено!“

Франсоа Балу, епидемиолог од Институтот за генетика во Лондон, ја критикуваше оваа студија на кинеските научници, која ја нарече страшна и научно целосно бесмислена.

– Не гледам што би можеле да научиме од ова, но видов како таквите работи можат да тргнат наопаку – напишал професорот Балу.

Пензионираниот професор по медицина Генадиј Глински од Стенфорд отиде чекор понатаму.

– Ова лудило мора да се прекине пред да биде предоцна! – напиша тој.